Пендраовски: Свети Климент Охридски остави трајно наследство коешто изобилува со духовност и со мудрост

Пендаровски ќе биде претседателскиот кандидат на СДСМ, партиските тела ќе го гласаат на трети март

пред 8 месеци

Актуелниот претседател Стево Пендаровски влегува во претседателска трка, извори од СДСМ потврдија за Макфакс.

Оваа одлука на трети март ќе се најде пред членовите на Извршниот и Централниот одбор на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ пак објави дека на јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните претседателски избори пријавена е професорката Гордана Силјановска Давкова која поднела план, програма за работа и потребен број на потписи на делегати.

Актуелниот градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски исто така ќе се кандидира за претседател, а како што рече како кандидат го предложила неговата партија ГРОМ.

Се очекува ДУИ утре да го објави официјално името на нивниот кандидат, додека во јавноста се погласно се споменува името на актуелниот министер за надворешни работи, Бујар Османи. Обединетата албанска опозиција застана зад претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари.

Текстот Пендаровски ќе биде претседателскиот кандидат на СДСМ, партиските тела ќе го гласаат на трети март е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top