Пет нови случаи на западнонилска треска изминатата недела, досега вкупно 70 регистрирани во 2026, според последниот извештај на ИЈЗ

Пет нови случаи на западнонилска треска изминатата недела, досега вкупно 70 регистрирани во 2026, според последниот извештај на ИЈЗ

пред 1 месец

Во 2026 година, а заклучно со 22.09.2026 година, во Македонија се регистрирани вкупно 70 случаи на западнонилска треска, според последниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Од регистрираните случаи, а согласно дефиниција на случај, 65 се водат како потврдени, а пет како веројатни.

Според место на живеење на заболените, 63 случаи се од Скопје, три случаи од Велес и по еден случај е од Куманово, Свети Николе, Кавадарци и Тетово.

Регистрирани се 69 автохтони случаи и еден случај со историја на патување во Грција, но инкубацискиот период покрива и престој во Македонија.

Од регистрираните случаи, 52 или 74,3% се машки, а 18 или 25,7% се женски.

Во однос на возрасната дистрибуција, најголем дел се лица на возраст над 60 години – 57 (81,4%), седум се лица на возраст од 50-59, две лица на возраст од 40-49 години, едно лице на возраст од 30-39, а три лица на возраст од 20-29 години. Просечната возраст изнесува 66,5 години (SD ± 13,2 години; min 25, max 85).

Со почеток на симптоми во септември се регистрирани 11 случаи. Кај 17 случаи почетокот на симптомите е во месец јули, два во месец јуни, а кај еден случај во месец мај.

Сите заболени со невроинвазивна болест (68) биле хоспитализирани, 66 во УК за инфективни болести и фебрилни состојби и по еден во Аџибадем Систина и Клиника Жан Митрев.

Испишани – 50 или 73,5% од хоспитализираните потврдени случаи; Сè уште на лекување – 9 (13,2%) од хоспитализираните потврдени случаи; Починати – 9 од хоспитализираните потврдени случаи;

Просечно траење на лекување (испишани/починати лица) – 14 дена.

Во текот на 2026 година, до 22.09.2026 година, регистрирани се 9 смртни случаи кај пациенти со невроинвазивна болест на ЗНТ со леталитет од 12,8% од регистрираните потврдени случаи. Сите починати лица се од машки пол;

Возрасна дистрибуција – просечната возраст изнесува 71,1 години (SD ± 6,4 години; min 62, max 83);

Починатите лица се од Скопје, само еден е од Куманово; Сите починати лица биле хоспитализирани; Кај осум починати лица се регистрирани коморбидитети.

Дијагнозата е потврдена со серолошко испитување на ликвор.

На 11.08.2026, ЦЈЗ Скопје пријави епидемија на Западно-нилска треска во општините Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром и Бутел.

Во текот на изминатата недела (16-22.09.2026), пријавени се 5 нови случаи, од нив 3 се од Скопје и по еден од Велес и Тетово.

Текстот Пет нови случаи на западнонилска треска изминатата недела, досега вкупно 70 регистрирани во 2026, според последниот извештај на ИЈЗ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top