Нема да донесам независна одлука за РСМ, би ја следел исклучиво волјата на бугарскиот парламент, изјави премиерот Кирил Петков, a пренесуваат бугарските медиуми.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Секогаш кога се обидуваат да ја разнишаат државата, ја креваат картата на Северна Македонија, секогаш тоа ни се случува. За да остане оваа коалиција нестабилна, постојано се зборуваше за РСМ и за идното предавство на Бугарија, 20 пати повторив дека нема да има одлука на оваа тема без бугарскиот парламент, како да не сум рекол.
Она што ќе го видите во следните неколку дена ќе биде конечниот одговор на ова прашање. Јас како премиер нема да донесам никаква одлука доколку тоа не добие зелено светло од бугарскиот парламент. Следната недела ќе одам во Брисел, ако немаме одлука на бугарскиот парламент, единствено што ќе кажам во Брисел е: ветив дека оваа одлука треба да ја донесе бугарскиот парламент и бидејќи не е донесена, јас нема да направам никаква промена во бугарската позиција“, нагласи Петков.
Тој во продолжение говореше и за францускиот предлог.
„Првите услови со PCM беа 5 +1. Со најава за нов пристап кон пријателскиот говор веднаш се согласија и станаа 4 + 1 без да бараат реципрочно движење од Бугарија. Втората работа што се случи е дека во францускиот предлог, иако не го прочитав, има гаранција за Бугарите во РСМ за антидискриминација и дека РСМ нема да ги започне преговорите додека не го смени Уставот и Бугарите да станат дел од народите што ја претставуваат оваа држава“, рече бугарскиот премиер.