Ана Петровска која денеска на владина седница беше разрешена од директорската позиција во Државниот инспекторат за животна средина, вели дека останува да се бори за животната средина.
„Една нецела година служев во Државниот инспекторат за животна средина. Да бидеш менаџер на институцијата што на најнепосреден начин се грижи за спроведувањето на законите за животна средина е предизвик и привилегија. Благодарна сум на Владата и Премиерот за честа и довербата што ми беше укажана. Тука сум, останувам во јатото на искрени и чесни борци за здрава животна средина“, посочува Петровска.
Таа вели и дека не била изненадена од одлуката, односно немала најава, но имала навестувања дека тоа ќе се случи.
Таа се враќа на сатрото работно место во Министерството за животна средина.