Пецаков: Власта покажува тотално непознавање на законите- година и пол го малтретираат Охрид за изградбата на катна гаража која е јавен интерес

Пецаков: Власта покажува тотално непознавање на законите- година и пол го малтретираат Охрид за изградбата на катна гаража која е јавен интерес

пред 10 месеци

Власта покажува тотално непознавање за изградбата на катна гаража, вели охридскиот градоначалник, Кирил Пецаков.

„Деновиве е актуелна една несреќна изјава од страна на министерката за култура, дека изградбата катната гаража во Охрид не била од јавен интерес и затоа е блокирано односно нема приоритет кај нив како министерство.

За нештата да бидат појасни, година и пол не малтретираат и мене како градоначалник и граѓаните на Охрид, со милион забелешки,препораки и измени. Иако по сите тие е постапено, упорно не добиваме позитивно мислење од култура, за на крај како што јавно кажав од министерство во стручниот тим да викаат „што си замислуваат тие ќе правеле катана гаража.

Во прилог имате закон за експропријација, член 7, каде јасно е напишано што е јавен интерес од локано значење и тука е напишана засебно катната гаража. Тотална неписменост и непознавање на законите, не само општо, туку и за сопствените ингеренции и надлежности.

Непознавањето на законите и постапувањето спротивно од законите со кочење на еден од наважните проекти за Охрид како град си носи и одговорност сама по себе за непостапување. И ви ветувам не ја оставам оваа работа така како шо мислите.

За жал само докажувате дека далеку сте од менаџирање и водење на една држава, а и најголем срам сте што некогаш ја водел државава“, пишува Пецаков на социјалните мрежи.

Текстот Пецаков: Власта покажува тотално непознавање на законите- година и пол го малтретираат Охрид за изградбата на катна гаража која е јавен интерес е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top