Пин петрол: Сета документација е доставена до надлежните органи

Пин петрол: Сета документација е доставена до надлежните органи

пред 1 година

Сета документација во врска со нашето правно лице се доставени до надлежните органи за кои имаме одговор дека немаме никаква поврзаност со овој настан, велат од компанијата Пин петрол по кривичната пријава од финансиската полиција за проневера на околу 22 милиони денари.

Од таму испратија демант за поврзаност со уапсено лице и велат дека немаат никаква поврзаност со кривичноправниот настан.

Демантот го пренесуваме во целост:

„Како компанија “Пин Петрол” во целост демантираме и се оградуваме од наводите на некои медиуми кои пренесоа информација за некаква поврзаност со уапсената Габриела Крстевска. Ние како компанија немаме никаква сопственичка ,правна и родбинска поврзаност со осомничената. Ние како правно лице имаме склучено договор со АД Пошта Македонија (подружница Пин Петрол) за кое осомниченото лице Габриела Крстевска има работено. Како компанија најостро ги осудуваме ваквите наслови на некои медиуми и за било какви информации во врска со осомничената одговорите треба да ги барате во АД Пошта Македонија. Сета документација во врска со нашето правно лице се доставени до надлежните органи за кои имаме одговор дека немаме никаква поврзаност со овој настан“.

Претходно Финансиска полиција соопшти дека е поднесена кривична пријава против управителот на фирмата Пин Петрол, против вработена во АД за поштенски сообраќај Пошта на Северна Македонија и против вработена во Јавното претпријатие за државни патишта за злоупотреба на службена положба и овластување, проневера во службата и несовесно работење во службата.

Текстот Пин петрол: Сета документација е доставена до надлежните органи е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top