По 11 години застој, ќе продолжи изградбата на затворениот базен во Охрид

По 11 години застој, ќе продолжи изградбата на затворениот базен во Охрид

пред 3 часа

Владата на денешната редовна седница ја усвои точката со која се овозможува продолжување и конечно завршување на изградбата на затворениот базен во Охрид, капитален спортски проект чија реализација започна уште во 2015 година. Oд владината прес-служба велат дека станува збор за еден од најзначајните спортско-инфраструктурни проекти во Охрид, којшто речиси 11 години останува незавршен.

„По преземањето на надлежностите, Министерството за спорт пристапи кон темелна анализа и ревизија на состојбата на проектот, со цел да се утврдат сите технички, финансиски и административни пречки коишто со години го оневозможуваа неговото завршување. Како резултат на спроведената ревизија, Министерството презеде конкретни чекори за надминување на затекнатите проблеми, меѓу коишто и неопходната измена на основниот проект, со што се создаваат услови изградбата конечно да продолжи“, велат од Владата.

За целосно завршување на затворениот базен во Охрид се обезбедени 470 милиони денари.

Се очекува завршувањето да обезбеди современи услови за тренинг на спортистите, развој на младите категории, организирање натпревари и дополнително унапредување на спортската инфраструктура во градот.

Текстот По 11 години застој, ќе продолжи изградбата на затворениот базен во Охрид е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top