По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите

По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите

пред 7 часа

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче од Тетово, информираат за „Макфакс“ од МВР.

Според пријавеното, детето кое било со здравствени проблеми паднало од тераса од станот во кој живеело во Тетово, а родителите за настанот биле известени од сосед, по што го однеле во болница.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Текстот По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top