По седум градови, Лепенец и Вардар, сега Рич и Белотино со загадена вода, велат од СДСМ

По седум градови, Лепенец и Вардар, сега Рич и Белотино со загадена вода, велат од СДСМ

пред 2 часа

Фекални бактерии во чешмите на Рич и Белотино. По седум градови. По белата пена во Лепенец и Вардар. Сега и овие села. Изгледа дека во Македонија веќе нема место со чиста вода, реагираат од СДСМ.

„Затоа Мицкоски и Клековски немаат потпишан документ ни за Гостивар.

Затоа кријат кој ставил печат и кој гарантира.

Кога водата е загадена насекаде од Гостивар до Струмица – повеќе никој нема право да бара доверба без документи, без потпис и без одговорност“.

Граѓаните, додаваат од опозициската партија, бараат една едноставна работа: „чиста вода и име на оној што гарантира дека е чиста.

Сè друго е игра со здравјето на луѓето“.

Текстот По седум градови, Лепенец и Вардар, сега Рич и Белотино со загадена вода, велат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top