Победивме убедливо во првиот круг во Струмица, дваесет години чекавме на овој ден, рече Мицкоски и кажа дека Орце Ѓорѓиевски оди во втор круг

Победивме убедливо во првиот круг во Струмица, дваесет години чекавме на овој ден, рече Мицкоски и кажа дека Орце Ѓорѓиевски оди во втор круг

пред 5 часа

Историски резултати се бележат на овие избори и според премиерот и претседател на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој доцна вечерва кажа дека победиле во првиот круг над 30 општини меѓу кои и општини каде градоначалници досега имаше СДСМ.

„Драги пријатели имаме победа во над 30 општини уште во првиот круг. Разликата е 2:1, некаде 3:1, а некаде и многу поголема. Имаме победа и во општини во кои СДСМ имаше свои градоначалници. Победивме убедливо во првиот круг во Струмица. Дваесет години чекавме на овој ден, дваесет години. Имаме победа и во Делчево, победивме и во Берово, убедлива победа имаме и во Битола, во Прилеп, во Штип, во Кавадарци, во Гевгелија, во Свети Николе, во Охрид во Карбинци, во Демир Хисар, во Новаци, Градско, Бутел, Ѓорче Петров, Гази Баба, Кисела Вода, Сопиште, Илинден. Петровец, Јегуновце, Велес, Радовиш, Ресен и така натаму“, рече Мицкоски.

Во втор круг оди кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски кој до последен момент пред изборниот молк беше уверен дека ќе победи во првиот круг.

„Орце има огромно водство, неколкупати повеќе од својот противкандидат во Скопје. И таму извесен победник е Орце во вториот круг. Водиме во Карпош, таму Сотир се бореше против сите сојузи и подземни игри и сигурен сум дека ќе имаме победа во вториот круг. Јасно е дека граѓаните бараат промени во Карпош“, рече Мицкоски.

Овие избори тој вели дека се и порака за Демократската унија за интеграција.

„Кога Али Ахмети се удираше во гради дека менувал премиери реков полека, смири се, непријатно ќе бидеш изненаден по резултатот. Ова е тој ден. Ова што е најважно е што политиките на етноцентризам, национализам и вештачки теми за орли и зајци и небитни теми за граѓаните, се поразени, а се отвора прашањето за реформи во опозицијата“, рече Мицкоски.

И тој, како и сите останати политичари вечерва повика на обединување во вториот круг во кој, како што рече, нема место за калкулации, поделби и суети.

„Ви благодарам народе на Македониа. Заедно испишуваме историја. Бог да ја благослови Македонија“, рече Мицкоски на крајот од обраќањето вечерва.

Додека Мицкоски зборуваше за победите, во белата палата се скандираше „цело Скопје вмровмски град“ па тој беше принуден да направи паузи, а на почетокот предупреди дека таквото скандирање може да биде извадено од контекст иако е вистина.

Текстот Победивме убедливо во првиот круг во Струмица, дваесет години чекавме на овој ден, рече Мицкоски и кажа дека Орце Ѓорѓиевски оди во втор круг е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top