Едно лице утрово е повредено при гаснењето на пожарот во Шуто Оризари, од кој се креваат облаци густ црн чад. Министерството за внатрешни работи извести дека е пренесено во болница, а гаснењето на пожарот продолжува.
„Денеска, во 9.16 часот, во СВР Скопје е пријавено дека на отпад за старо железо улицата Б. Буна во Скопје има пожар, односно дека горат хаварисани возила, на кои имало монтирано плински уреди и се слушаат детонации од нив. До сега нема зафатено приватен имот – куќи. Се преземаат мерки за гасење на огнот и расчистување на случајот. За време на интервенцијата едно лице е повредено и пренесено за укажување лекарска помош“, велат од МВР за „Макфакс“.
Откапдот за старо железо, каде што избувнал пожарот, е регистриран на фирмата АСД „Метал груп“.
Жители од околните населби утрово јавија дека освен што гледаат густ чад, се слуша и пукање од местото каде што гори.
Во гаснењето на пожарот во Шутка, покрај Бригадата за противпожарна заштита, на барање од градоначалникот на Шуто оризари, се вклучи и ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување.
Центарот за управаување со кризи (ЦУК) му укажа на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, доколку се процени дека има потреба, да го евакуира населението.
Текстот Повредено лице во пожарот во Шуто Оризари, пукотниците се од плински уреди на хаварисани возила, кои горат во отпад за железо е превземен од МАКФАКС.






