Пожарот во болницата „8-ми Септември“ е изгаснат, најверојатно е предизвикан од цигара

Пожарот во болницата „8-ми Септември“ е изгаснат, најверојатно е предизвикан од цигара

пред 2 часа

Пожарот кој избувна утрово во болницата „8-ми Септември“ е изгаснат, а сите пациенти се безбедни, информираат од болницата.

Денес околу 10:35 часот, вработени на првиот кат на ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје почувствувале мирис на чад и забележале чад од терасата на Одделението за ортопедија и трауматологија, кое се наоѓа на вториот кат.

„Веднаш беа известени раководителот на одделението и тимот за евакуација. Со брза и координирана реакција на персоналот, сите пациенти од одделението беа превентивно и безбедно евакуирани и згрижени. Пожарот беше изгаснат со противпожарната опрема на болницата, а беше повикана и противпожарната служба“, велат од болницата.

Од таму додаваат дека на местото на пожарот нема електрична ниту гасна инсталација, а материјалната штета е незначителна.

Според првичните информации, можно е пожарот да бил предизвикан од отпушок од цигара. Точната причина и околностите се утврдуваат.

Сите пациенти и вработени се безбедни, а болницата продолжува со редовна работа.

Текстот Пожарот во болницата „8-ми Септември“ е изгаснат, најверојатно е предизвикан од цигара е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top