Градоначалникот на Битола Тони Коњановски со претседателот на Советот Бојан Бојкоски денеска имаа средба со надлежните лица од проектот за изградба на автопатот Прилеп-Битола, а на која присуствуваше и помошник раководителот на секторот за економски развој на Општина Битола Венцо Шишкин.
Гостите, новиот проектен менаџер на „Бехтел и Енка“ Ашвин Рао, заменик раководителот Џанберк Атилла и менаџерот за одржливост Винсент Нугареде информираа за динамиката на изградба на автопатските делници.
Едната делницата во должина од 12 километри ќе биде пуштена за сообраќај во 2027 година, кога и ќе се работи на делницата пред Битола, со што до крајот на 2028 година вкупно ќе бидат асфалтирани 28 километри автопат, а преостанатиот дел ќе биде ставен во функција последен, тоа е делот кон Прилеп каде на терен треба претходно да се решат одредени состојби со експропријација и дислоцирање на постоечка инфраструктура.
Исто така беше кажано дека ќе бидат организирани и саеми за вработување во Битола и Прилеп, односно ангажирање на лица за потребите на проектот.
Текстот Позната динамиката за автопатот Прилеп-Битола – првите 12 километри во функција во 2027 година е превземен од МАКФАКС.





