Под раководство на предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), полициски единици на МВР извршуваат претреси на повеќе локации во Скопје.
Според информациите, се работи за лица осомничени за кривични дела лихварство и перење пари.
Од Обвинителството најавуваат дека повеќе детали ќе бидат соопштени по завршувањето на акцијата.
Текстот Полицијата претресува на повеќе локации во Скопје поради лихварство и перење пари е превземен од МАКФАКС.