Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење

Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење

пред 5 часа

Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.

„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.

Текстот Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top