Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот  Крива Паланка – Куманово

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – Куманово

пред 1 час

Според АМСМ, утрово од 05:05 часот, сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка – Куманово кај мв. Карчов е во целосен прекин поради сообраќајна несреќа.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Текстот Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – Куманово е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top