Поранешниот вицепремиер за добро владеење Фетаи, назначен за специјален пратеник за ЕУ

Поранешниот вицепремиер за добро владеење Фетаи, назначен за специјален пратеник за ЕУ

пред 1 час

Поранешниот вицепремиер за добро владеење Арбен Фетаи денеска во објава на Фејсбук соопшти дека Владата на вчерашната седница го назначила за специјален пратеник за Европската Унија, со седиште во Брисел.

Фетаи во напишаното им заблагодарува на Владата и на премиерот Христијан Мицкоски за укажаната доверба, посочувајќи дека доделувањето на ваквата функцијата му претставува голема чест, но уште поголема одговорност.

„По долгата кариера во Брисел и стекнатото искуство во Владата на Република Северна Македонија, каде што ја покажав посветеноста на европската перспектива на земјата, ја преземам оваа позиција со целосно убедување дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ. Задачата што ми е доверена е да се ангажирам во унапредувањето на процесот на европска интеграција на нашата земја, зајакнување на политичката поддршка во институциите на Европската Унија и земјите членки, придонес кон надминување на политичките и дипломатските предизвици и зајакнување на гласот на Северна Македонија во Брисел и европските престолнини“, објави Фетаи на социјалните мрежи.

Тој на почетокот на јуни годинава, поднесе неотповиклива оставка од функцијата,

Текстот Поранешниот вицепремиер за добро владеење Фетаи, назначен за специјален пратеник за ЕУ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top