Породилни пакети со попуст и целосна грижа за мајката и бебето во Клиника Жан Митрев

Породилни пакети со попуст и целосна грижа за мајката и бебето во Клиника Жан Митрев

пред 8 часа

Клиника Жан Митрев воведува попусти за породилните пакети во Центарот за мајка и бебе, со цел на идните мајки да им овозможи достапна, безбедна и целосна медицинска грижа во текот на породувањето и постпородилниот период. Промоцијата важи за трудниците што ќе се породат до 1 октомври 2026 година, како и за оние што до овој датум ќе уплатат аванс, независно од планираниот термин за породување. Достапни се пакети за спонтано породување и за породување со царски рез, со можност за плаќање на рати.

Со породилните пакети, трудниците добиваат бесплатни микробиолошки генитални брисеви, предпородилни анализи, кардиотокографија и ултразвучни прегледи по 36. гестациска недела. Пакетите опфаќаат и лабораториска подготовка пред породувањето, анестезиолошки преглед, антенатална едукација на родителите и стручно советување за процесот на породување, постпородилното закрепнување и негата на новороденчето.

Во Центарот за мајка и бебе се обезбедува индивидуализиран пристап и континуирана медицинска поддршка, без разлика дали породувањето се одвива по природен пат или со царски рез. На трудниците им е достапно безболно породување со епидурална или спинална анестезија, по претходна процена од анестезиолог. Клиниката овозможува и природно породување со седација со азотен оксид, техника што придонесува за намалување на болката, напнатоста и анксиозноста кај родилката.

За време на породувањето се врши континуирано следење на состојбата на мајката и плодот, со присуство на педијатар и непосредна процена и опсервација на новороденчето. По породувањето, мајката и бебето престојуваат заедно три болнички дена во еднокреветна соба, во безбедна и пријатна средина. Во текот на хоспитализацијата родилката добива континуирана нега, потребна медикаментозна терапија и свежо подготвени, избалансирани оброци, како и практична едукација за нега на новороденчето и правилна техника на доење.

Новороденчето е под постојана грижа на специјализиран неонатолошки тим. Во пакетите се вклучени аудиолошки скрининг, кардиолошки скрининг кога за тоа постои потреба и тестирање на толеранцијата при превоз во детско автомобилско седиште. На родителите им се обезбедува 24-часовна достапност за консултација со неонатолошкиот тим.

Грижата продолжува и по отпуштањето од родилиштето. Во првиот месец се обезбедуваат четири бесплатни педијатриски прегледи на новороденчето, вклучувајќи ортопедски скрининг и вакцинација, како и попуст на сите следни педијатриски прегледи во Клиника Жан Митрев. За родилката е предвиден бесплатен контролен гинеколошки преглед шест недели по породувањето, бесплатна консултација со хирург за естетска и пластична хирургија и поволности за услуги од областа на естетската дерматологија, стоматологијата и офталмологијата. Во соработка со Промедика Офталмологија, обезбеден е и бесплатен офталмолошки преглед на новороденчето во текот на првата година.

Центарот за мајка и бебе располага со современи родилни и операциони сали, хибридни соби за заеднички престој на мајката и бебето и специјализирана опрема за следење, стабилизација и третман на новороденчињата. Достапни се и интензивна неонатална нега и специјализиран медицински транспорт за бебињата на кои им е потребен повисок степен на надзор. Со мултидисциплинарен тим, современа технологија и континуирана поддршка, Клиника Жан Митрев обезбедува заокружена грижа за мајката и детето, од последните недели на бременоста, преку породувањето, до првите недели и месеци по раѓањето.

ПР

Текстот Породилни пакети со попуст и целосна грижа за мајката и бебето во Клиника Жан Митрев е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top