Пороен дожд, грмежи и силен ветер во делови од земјата

Пороен дожд, грмежи и силен ветер во делови од земјата

пред 3 часа

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до среда ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи, соопшти УХМР.

Процесите наместа ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и јужните делови.

Утринската температура ќе биде во опаѓање. Ќе дува северен ветер, кој во четврток ќе биде засилен, повремено силен.

Во Скопје, до среда времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и услови за појава на грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Ќе дува ветер од северен правец.

Текстот Пороен дожд, грмежи и силен ветер во делови од земјата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top