Посебни контејнери, тарифник и термин за собирање на отпадот: Ѓорѓиевски на средба со скопските угостители

Посебни контејнери, тарифник и термин за собирање на отпадот: Ѓорѓиевски на средба со скопските угостители

пред 1 час

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на социјалните мрежи објави дека остварил средба со скопските угостители на која биле договорени детали за подобрување на нивната работа и како што вели на севкупниот урбан амбиент во градот.

„Скопските угостителски објекти ќе имаат посебни контејнери, избран е и посебен советник за угостители
Денес остваривме конструктивна средба со скопските угостители, на која произлегоа важни чекори за подобрување на нивната работа и на севкупниот урбан амбиент во градот.
Ако сакаме Скопје да биде чист, уреден и функционален град, мора да поставиме јасни правила и да работиме заедно.
Во таа насока, договоривме секој угостителски објект да набави сопствени контејнери и да добие посебен тарифник со прецизни правила за одлагање на отпад, како и термин за собирање кој ќе важи единствено за правните субјекти“.

Ова, како што вели, ќе значи крај на нередот и почеток на поуредено, поодговорно функционирање.

„Како што веќе беше усогласено на претходните средби, за советник задолжен за секојдневна комуникација со угостителите и кабинетот е избран Драган Арсовски, човек со долгогодишно искуство, а избран по предлог на сите чинители во овој сектор.
Тој ќе биде мостот кој ќе ја олеснува координацијата, ќе ги решава проблемите на терен и ќе обезбеди континуирано подобрување на условите за работа.
Договоривме и до 15 јануари да се достават елаборатите за користење на урбаната опрема која досега во изминатите години не се наплаќаше, со што конечно ќе се стави крај на хаосот и ќе се воспостави јасен ред.
Ова се клучни моменти кога сите заедно се ставаме во служба на граѓаните – одговорно, посветено и со јасна цел.
Го враќаме ноќниот живот во Скопје, но го враќаме и редот.
Нашиот град заслужува да биде полн со енергија, младост и креативност, а тоа е можно само со силна поддршка и вистинско партнерство со угостителскиот сектор.
Благодарен сум за разбирањето и поддршката.
Скопје заслужува да биде град на култура, современ урбан живот, силна економија и заедно ќе стигнеме до таа цел“, соопшти тој.

Текстот Посебни контејнери, тарифник и термин за собирање на отпадот: Ѓорѓиевски на средба со скопските угостители е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top