Посетата на Еди Рама носи посебен сообраќаен режим во Охрид и Струга

Посетата на Еди Рама носи посебен сообраќаен режим во Охрид и Струга

пред 52 минути

Поради официјалната посета на албанскиот премиер Еди Рама, утре во Охрид и Струга ќе биде воведен посебен сообраќаен режим, информираат од СВР Охрид.

Посебниот режим и засилените безбедносни мерки ќе почнат во 6 часот наутро и ќе траат до 17 часот.

Сообраќајниот режим ќе го опфати патниот правец од граничниот премин Ќафасан, преку Струга до селото Подмоље и вилата „Охрид“, како и делницата од аеродромот „Св. апостол Павле“ до вилата.

Од СВР Охрид ги повикуваат граѓаните да ги почитуваат насоките на полициските службеници и навреме да ги приспособат своите маршрути на движење.

Текстот Посетата на Еди Рама носи посебен сообраќаен режим во Охрид и Струга е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top