Апелациониот суд ги одби жалбите од обвинетите и нивните бранители, изјавени против првостепената пресуда, за случајот „Насилство во Центар“ и ја потврди пресудата на Кривичниот суд.
Со пресудата седум обвинети беа огласени за виновни и осудени на: поранешнио премиер Никола Груевски – затворска казна во траење од 1 година и 6 месеци, додека поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката А.Т., Д.С., Д.Т., Т.П. и И.Б. на алтернативна мерка – Условна осуда.
Како и КОК Ж бр. 50/20 со која Второстепениот суд ја укина првостепената пресуда – КОК бр. 51/17 од обвинителството означен како „Тарифа“ и предметот го врати на повторно судење, при што е заведен нов предмет со КОК бр. 123/21 за кој откако ќе биде насрочен термин за отпочнување со главната расправа, странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.