Потпишан договор за доградба на основното училиште „Панајот Гиновски” во Бутел 2

пред 2 часа

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска потпиша договор со Министерството за образование и наука, за доградба на општинското основно училиште „Панајот Гиновски” во Бутел 2.

„ООУ ‘Панајот Гиновски’ е дел од проектот за унапредување на основното образование (ПЕИП). Договорот предвидува доградба на училиштето на површина од 400 м2 – 4 училници, 2 санитарни јазли, ходник и поврзување со постоечкиот објект. Локалната самоуправа по 56 години изврши реконструкција на фасадата и ќе преземе активности за реконструкција на училишната спортска сала“, вели Костовски.

Тој додава дека реализирањето на проектите во ООУ „Панајот Гиновски” ќе обезбеди услови за транзиција од двосменска во едносменска организација на наставата.

Костовски, исто така, рече дека во населеното место Бутел 2 се гради и нова детска градинка.

Текстот Потпишан договор за доградба на основното училиште „Панајот Гиновски” во Бутел 2 е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top