Потпорен ѕид се урна во Штип и оштети автомобили кај болницата

Потпорен ѕид се урна во Штип и оштети автомобили кај болницата

пред 6 часа

Потпорен ѕид на улицата Љубен Иванов во Штип, во близина на клиничката болница, утрово околу 9 часот се сруши и падна врз две паркирани возила, јавуваат локалните медиуми.

Во инцидентот нема повредени лица, а на местото на настанот веднаш излегле надлежните служби.

Според првичните информации, причина за уривањето на ѕидот се неповолните временски услови.

 

Текстот Потпорен ѕид се урна во Штип и оштети автомобили кај болницата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top