Почна аплицирањето за добивање два денари субвенција за килограм произведено и предадено винско грозје

пред 4 години

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги информира сите производители на грозје дека од денеска па се до 25-ти декември 2020 година, може да се поднесуваат електронски барања за произведено и предадено винско грозје во регистрирани капацитети за производство на вино.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, информира дека за оваа финансиска поддршка може да аплицираат сите кои предале грозје од сортите: Смедеревка, Вранец, Бургундец црн, Станушина, Кртошија, Жилавка и Кадарка.

„ Сите земјоделци кои произвеле и предаделе грозје од овие сорти, ќе треба да аплицираат до 25- ти декември. Сите кои правно – законски ќе се стекнат со право на користење на оваа финансиска поддршка ќе добијат дополнителни 2 денари по килограм произведено и предадено винско грозје во регистриран капацитет за производство на вино“ – истакна Бабовски.

Преку оваа мерка директно влијаеме на намалување на загубите на производителите на винско грозје.

Share
Scroll to Top