Почнува 46. издание на Млад отворен театар

пред 3 години

Фестивалот Mлад отворен театар почнува вечерва во МНТ каде со почеток од 20 часот ќе биде изведена „Како крајот и да не е сосема блиску“ – екпериментална претстава на Битеф театар од Србија, во режија на Никола Зависиќ, инспирирана од суптилните поместувања на светот, односите и човечката интеракција во дигиталната реалност, обидот за измислување некои нови облици на соживот и заедништвото на човекот и машината во најинтензивните времиња што досега сме ги искусиле.

Публиката, составена од пет луѓе, ќе може да доживее виртуелно патување низ можните нови светови околу и во нас самите.

Низ интерактивна игра на моменталното заедништво, кое се воспоставува во микроструктурата на театарскиот чин, на публиката ѝ се дава можност истовремено да биде изведувач, гледач и да го бира аголот на гледање. Користејќи ја виртуелната реалност, аудиовизуелните инсталации и текстот, односно гласот што повикува на учество, овој чин станува повик на барем и мала, незабележлива лична револуција.

Претставата ќе има повеќе изведби од 18 до 21 ноември, во следните термини:

• 18.11 – од 20 и 22 часот
• 19.11 – од 14, 16, 18 и 20 часот
• 20 – 21.11 – од 12, 14, 16, 18 и 20 часот

Билетите за претставите изнесуваат 300 денари.

Истите се достапни преку bileti.mkc.mk и на билетарница во МКЦ.

Тимот на МОТ го задржува правото на измени во распоредот на претставите.

Share
Scroll to Top