Почнува реконструкцијата на Клиниката за гинекологија и акушерство

Почнува реконструкцијата на Клиниката за гинекологија и акушерство

пред 2 месеци

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја најави реконструкцијата на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.

„Ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да инвестираме и да помагаме, се разбира, колку што можеме. Оваа година буџетот на Фондот, ако се спореди со оној да речеме во ковид-кризата во 2020-2021 година, е за некои 18 милијарди денари повисок, тоа е речиси 300 милиони евра, што е значителна сума. Дали е доволно? Никогаш не е доволно. Но, ако имате приближно 900 милиони евра буџет, тогаш тоа е нешто што е значајно бидејќи 53 милијарди денари е буџетот“, рече Мицкоски.

Тој рече дека дел од проектот, кој ќе биде спроведен заедно со владата на Обединетото Кралство, ќе биде токму фокусиран на здравството и рече дека очекува, нормално, доколку условите се поволни, да кулминира со изградба на конечно посакуваниот голем клинички центар во Скопје.

„Така што има една јасна стратегија, дефинирани цели каде треба да стигнеме, силна поддршка од Владата за јавното здравство, затоа што тоа е во интерес на граѓаните. И уште еднаш на крајот, да им се заблагодарам на сите оние што се дел од јавното здравство за она што прават за граѓаните“, рече Мицкоски.

Текстот Почнува реконструкцијата на Клиниката за гинекологија и акушерство е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top