Почнува јубилејното 50. издание на Мајските оперски вечери

пред 3 години

Традиционално, со звуците на „Триумфалниот марш“ од „Аида“ и палење на фестивалскиот оган, во Националната опера и балет вечерва со почеток во 19.30 часот, ќе бидат отворени јубилејните 50. „Мајски оперски вечери“. Оваа година, фестивалскиот оган ќе го запали нашата оперска примадона Милка Ефтимова.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Меѓународниот фестивал на оперската уметност „Мајски оперски вечери“ ќе трае до 31 мај. На јубилејното, 50. издание на овој реномиран фестивал ќе се изведат некои од најубавите оперски претстави, како и две балетски претстави, со настап на реномирани домашни и светски режисери, диригенти, кореографи, оперски и балетски солисти. Во рамките на фестивалот, ќе биде промовирана монографијата „50 години Мајски оперски вечери“ од д-р Александар Трајковски.

Оваа година, 50. „Мајски оперски вечери“ свечено ќе се отворат со премиерата на една од водечките бел-канто опери во светската оперска литература, операта „Норма“ од Винченцо Белини на 9 мај во 20.00 ч. под диригентската палка на гостинот од Италија, Енрико Довико, во режија на Ренато Бонајуто (Италија), сценограф и костимограф: Флавио Арбети (Италија), коавтор на костимите: Марија Пупучевска, концерт-мајстор: Верица Ламбевска, хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска.

Во насловната улога ќе настапи Благица Поп Томова, во улогата на Полионе: Ѓорѓи Цуцковски Адалџиза: Сандра Митровска, Оровезо: Иван Томашев (Србија), Клотилде: Марика Поповиќ Флавио: Дејан Стоев, Деца: Василиј и Стефан Дашиќ. Хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Втората изведба на операта „Норма“ ќе биде на 11 мај, во 20.00 ч.

На 14 мај ќе се изведе балетот во 9 слики „Госпоѓиците од Авињон“ по музика на Калиопи Букле, кореографија и режија на Олга Панго, либрето и драматургија Сашо Димоски. (ОФФ ПРОГРАМА)

На 18 мај ќе се изведе „Лучија од Ламермур“ на големиот италијански композитор Гаетано Доницети.

На 21 мај ќе се изведе еден од бисерите на балетската уметност, романтичниот балет во два чина „Жизел“ од Адолф Адам .

На 26 мај ќе се изведе операта „Турандот“ од Џакомо Пучини.

Традиционално на 31 мај ќе се затворат 50. „Мајски оперски вечери“ со величествената „Аида“ од Џузепе Верди.

Share
Scroll to Top