Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за случајот „Тортура“ во кој им се суди на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и шестмина припадници на поранешните „Алфи“.
Тие се обвинети за мачење и тортура при апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година.
Денешната пресуда ќе биде четврта по ред за Мијалков. Тој е осуден за случајот „Таргет-Тврдина“ на 12 години затвор, а за „Трезор“ е осуден на осум години затвор.
Мијалков во 2019 година беше осуден на три години затвор и во случајот „Титаник 2“ за изборни нерегуларности, но Апелација го врати судењето на почеток поради суштински повреди во постапката.