Претпладне претежно облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежи од дожд и снег

Претпладне претежно облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежи од дожд и снег

пред 2 часа

Претпладне претежно облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми и најпрвин во западните делови, а потоа насекаде ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.

Во Скопје, претежно облачно, а попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Времето во наредните денови

Денеска кон крајот на денот и во четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од слаб снег. Во петок и недела ќе преовладува претежно облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег, а во сабота и понеделник ќе биде променливо облачно.

Текстот Претпладне претежно облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежи од дожд и снег е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top