Претпладне сончево со умерена облачност, попладне развој на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност, попладне развој на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи

пред 1 година

Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне во западните и крајните источни делови ќе има развој на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне ќе има умерен развој на нестабилна облачност. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Времето во наредните денови

Во вторник во претпладневните часови времето ќе биде сончево и релативно топло со умерена облачност, а во попладневните ќе има развој на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи. Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи.

Текстот Претпладне сончево со умерена облачност, попладне развој на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top