Приведени се двајца жители на Кавадарци, откако при претрес на лицата и во нивните домови, полицијата пронашла дрога.
„ На 03.03.2021 во 15.30 часот во Кавадарци, полициски службеници од СВР Велес извршиле преглед над Д.Б.(21) од Кавадарци, при што кај него биле пронајдени амфетамин и марихуана. Потоа, во периодот од 15.45 до 16.45 часот, врз основ ана судска наредба, бил извршен и претрес во домот на Д.Б., при што биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со марихуана, таблети, кеса со прашкаста материја, дигитална вага, поголема количина зипер кеси за пакување и денари во различни апоени.
Истиот ден, во периодот од 15.15 до 16.00 часот, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес и во домот на В.П.(30) од Кавадарци, при што биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја, кафеава грутчеста материја, повеќе таблети…
Поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, Д.Б. и В.П. биле лишени од слобода и приведени во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“ соопшти МВР.