Приведен 22-годишен Скопјанец баран со централна потерница

пред 3 години

Приведен е 22-годишен скопјанец, баран со централна потерница за издржување затворска казна.

Според информациите, се работи за М.М. кој бил фатен денеска во с.Идризово.

Како што се наведува, бил баран по Централна потерница од Основен суд Скопје за издржување казна затвор во траење од три години за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ казниво по чл.353 ст.1 во врска со чл.23 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

Share
Scroll to Top