Денеска во 08.10 часот на ул.„Јадранска магистрала” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.И.Д.(35) од Скопје.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Тој бил баран по централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Идризово, за доиздржување казна затвор од четири години и осум месеци, а осуден со повеќе пресуди на единствена казна затвор од 10 години и пет месеци за сторени кривични дела по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде предадено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.