На местото викано Борови, во близина на граничниот премин „Богородица“, полициски службеници утрово го лишиле од слобода Г.Н. од Зелениково.
При преглед во возило „фиат добло“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Г.Н., биле пронајдени двајца мигранти од Сирија.
Тој бил приведен во полициска станица, а мигрантите биле предадени во Прифатно-транзитиниот центар „Винојуг“. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.