Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид, вчера во попладневните часови го лишиле од слобода Н.Т. (35) од Охрид.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Како што информираат од МВР, при претресот во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу половина килограм марихуана спакувана во повеќе различни пакувања и масло од канабис.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно докумнетирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.