Приведенo лицe од Албанија барано од Интерпол

пред 4 години

Во 01.30 часот на влез во земјава, на Граничниот премин „Ќафасан“, полициски службеници го привеле Ц.Л.(34) од Пешкопеја, Република Албанија, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека се наоѓа на Стоп – листа со мерка „Апси“ по барање од Интерпол-Атина , Република Грција.

Во 05.30 часот лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка, соопшти полицијата.

Share
Scroll to Top