Во Чаир вчера биле уасени две лица, за кражба извршена во продавница. Одземените предмети биле најдени кај нив и биле вратени на сопственикот.
Според информациите, се работи за Џ.Х.(27) од Скопје и Е.Ш.(47) од Косово, со престој во Скопје.
За двајцата постои сомнение дека и претходно неколку пати во истиот продажен објект одземале разни предмети. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Е.Ш., на која и била истечена дозволата за престој, односно личната карта за странец, била предадена на службени лица од Секторот за странци при Одделот за гранични работи и миграции при Бирото за јавна безбедност за понатамошна постапка