Жител на прилепското село Саждево со иницијали А.Ј. и на возраст од 26 години е уапсен вчера при полициски претрес во неговиот дом, а под сомнение за извршено кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје.
Како што информираат од МВР, по претходна наредба за претрес од судија од Основниот суд во Прилеп, извршен бил претрес во домот и помошните простории на А.Ј. и неговиот татко Р.Ј., при што полициски службеници пронашле и одзеле ловна пушка и 15 патрони за неа, за која осомничените не поседувале документација.
Р.Ј. е приведен и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.