Приведено уште едно лице под сомнение дека му помогнало на Палевски да избега во Бугарија, па во Турција

Приведено уште едно лице под сомнение дека му помогнало на Палевски да избега во Бугарија, па во Турција

пред 10 месеци

Приведено е уште едно лице за помагање на првоосомничениот во случајот со двојното убиство, Љупчо Палевски-Палчо, да ја напушти државата.

Според информациите од Обвинителството, станува збор за четириесет и шестгодишен скопјанец, а сомневањата се дека го возел Палевски кон Бугарија, а потоа и во Турција.

„Основаното сомневање дека осомничениот го сторил кривичното дело произлегува од досега прибавените докази од Бирото за јавна безбедност, Сектор за меѓународна полициска соработка доставено до СВР Скопје во кое е наведено дека лице осомничено дека сторило кривично дело, по кое сега е распишана меѓународна потерница, на 02.12.2023 година било регистрирано на граничните премини во Р.Бугарија и тоа со влез во Р.Бугарија на ГП Калотина и излез од Р.Бугарија на ГП Капитан Андреево (кон Р.Турција). И двете регистрации се со возило марка Ланд Ровер, управувано од осомничениот. Лицето е лишено од слобода и со него полициски службеници од Секторот за меѓународна соработка извршија информативен разговор“, велат од обвинителството.

За приведениот се чека одлука за 48-часовен притвор, а од Обвинителството велат дека посочуваат дека постојат околности кои го оправдуваат стравот за опасност од бегство, како и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело.

Текстот Приведено уште едно лице под сомнение дека му помогнало на Палевски да избега во Бугарија, па во Турција е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top