Прилепчанец кршел и тепал во продавница

пред 4 години

Хаос се случувал вчера напладне во продавница во Прилеп, кога маж влегол и почнал да крши, а потоа го нападнал и синот на сопственикот на прдавницата.

Како што информира МВР,  К.Б.(60) од Прилеп пријавил дека додека бил на своето работно место во продажен објект во Прилеп, О.М. се однесувал агресивно и се обидел физички да го нападне, оштетувајќи го инвентарот, по што пристигнал М.Б.(31), син на пријавителот, кој бил физички нападнат од О.М.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Share
Scroll to Top