Притвор за шверц на дрога на граничниот премин Деве Баир

пред 4 години

На барање на јавното обвинителство Куаново судот одреди притвор на осомничено лице, во чиј автомобил била најдена голема количина дрога при излез од државата на граничниот премин Деве Баир. Тој се обидел дрогата да ја пренесе во Бугарија.

„ Осомничениот, на 7 март, при излез од државава на граничниот премин Деве Баир, неовластено пренесувал наркотична дрога хашиш со вкупна нето маса од околу 8,3 килограми и марихуана со вкупна нето маса од околу 4,9 килограми. Дрогата претходно ја набавил од лице во Република Албанија и ја скрил во специјално изработен бункер под возачкото и совозачкото седиште во неговиот автомобил БМВ со албански регистерски ознаки. Потоа се обидел дрогата да ја пренесе во Република Бугарија, но бил откриен од царинските службеници на граничниот премин Деве Баир“ соопшти обвинителството.

Поради опасност од бегство, можност да влијае врз постапката или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Куманово достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот на обвинителот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​​

Share
Scroll to Top