Синоќа околу 22.00 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Љ.(29) од Тетово, поради „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, по чл.206 од Кривичниот законик.
При контрола на угостителски објект во Тетово, во негова сопственост, било констатирано дека истиот бил отворен по 21.00 часот и во него престојувале гости. По целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе следи соодветен поднесок.