Град Скопје по 13-ти пат го реализира проектот „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите″
Годинава поради пандемијата со Ковид-19, раководителот на Секторот за Локален економски развој на Град Скопје, Марко Тодоров, на претставниците на најдобрите угостителски објекти им ги додели плакетите на отворено пред бараките на Град Скопје.
Како што информираат градските власти, тајните купувачи, ангажирани од SWOT Research извршиле посетите на угостителските објекти, кои по случаен избор влегле во трката за Најдобар угостителски објект во 2020 година, по што следувало сумирање на резултатите.
Испитувањето било извршено според следните стандарди:
1. Прв контакт – (поздравување и упатување кон место за седење, приоѓање на келнерот);
2. Хигиена на објектот – (чистота на простор, маси, чаршафи, столови, прибор, мени);
3. Тоалет – (хигиена на простор и санитарии, бришачи, заклучување, закачалки);
4. Ковид-19 критериуми (носење заштитна маска, дистанца на маси, средства за дезинфекција);
5. Амбиент – (осветлување, температура, миризба, музика);
6. Услуга на келнерите – (љубезност, проактивност, волја да се излезе во пресрет, посветеност, однесување);
7. Општа услуга – (асортиман, адекватно послужување, време на услужување, издавање фискална сметка);
8. Квалитет на храната – (свежина, количина, вкус);
9. Завршен контакт – (заблагодарување и отпоздравување).
Според овие критериуми, најголема доследност покажале локалите кои се избрани како најдобри угостителски објекти во Скопје за 2020 година, во четири категории:
Категорија Ресторани
1 место: Стара Градска куќа
2 место: Антица
3 место: Амика
Категорија Гостилници
1 место: Дебар маало
2 место: Градска кафеана – Кај Јоле
3 место: Градска кафана Досие Скопје
Категорија Lounge и мезе барови
1 место: Рок кафана Рустикана
2 место: Горки
3 место: Soul kitchen bar
Категорија Кафулиња
1 место: Happy caffe
2 место: Добар
3 место: Long play
Овој проект произлегува од Програмата за финансирање на проекти за развојот на занаетчиството, угостителството и трговијата на Град Скопје за 2020 година, а целта на истиот е да се разбуди свеста кај угостителите и кај граѓаните за важноста на квалитетот на услугата кон клиентите во угостителската дејност, како и да се подигне општото ниво на квалитет и на целокупниот амбиент во угостителските објекти на територијата на градот.