Центарот за управување со кризи извести дека од рано изутрината на самото место се ангажирани припадници на МВР, специјалната единица на Армијата, „Волци“, како и припадници од Полициската станица Велес, со цел продолжување на потрагата по 16-годишното девојче, кое вчера потона во реката Вардар, во близина на селото Уланци, општина Градско.
Пријавата била поднесена од сестрата на девојчето, која била присутна на местото на настанот, а малолетничката потонала во Вардар заедно со 26-годишна девојка, која подоцна беше пронајдена жива.
Како што соопшти ЦУК, акцијата денеска се одвива во координација и со зголемено присуство на терен.
Текстот Продолжува пoтрагата по 16-годишното девојче, кое потона во реката Вардар е превземен од МАКФАКС.






