Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, пообилен во западните и југозападните делови

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, пообилен во западните и југозападните делови

пред 34 минути

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, пообилен во западните и југозападните делови (над 20 l/m²), грмежи и засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Времето во наредните денови

До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Денеска, во петок и за време на викендот ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи и засилен ветер (над 70 km/h), локално во форма на невреме. Во среда и во следните денови ќе дува засилен северен ветер (над 50 km/h).

Текстот Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, пообилен во западните и југозападните делови е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top