Променливо облачно и релативно топло: температурата денеска до 21 степен

Променливо облачно и релативно топло: температурата денеска до 21 степен

пред 32 минути

Денеска времето ќе биде променливо облачно и релативно топло. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.

Во Скопје, претежно облачно, во делови од котлината ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Времето во наредните денови

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во петок ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h).

Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање.

Текстот Променливо облачно и релативно топло: температурата денеска до 21 степен е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top