Денеска се очекува променливо облачно време, претпладне со повремени локални врнежи од дожд.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Наместа, според УХМР, во јужните делови врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина и над 60 км/час. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени. УВ=6
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Во следните денови времето ќе биде стабилно, в четврток и в петок со ниски утрински температури, а дневните од сабота ќе бидат во позначителен пораст.
Локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи се очекува в недела.