Променливо облачно со сончеви периоди, наместа нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи

Променливо облачно со сончеви периоди, наместа нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи

пред 3 месеци

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 32 степени.

Времето во наредните денови

Од среда до петок ќе преовладува претежно стабилно време со пораст на дневните температури. Во деновите од викендот повторно ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд и ретки грмежи, а дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Текстот Променливо облачно со сончеви периоди, наместа нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top