Променливо облачно со сончеви периоди: од вторник дожд

Променливо облачно со сончеви периоди: од вторник дожд

пред 6 часа

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Времето во наредниот период

Во текот на оваа седмица ќе преовладува променливо облачно и посвежо време. Под влијание на циклонска активност од вторник ќе има повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во среда и четврток (локално над 20 l/m²), а на планините ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Текстот Променливо облачно со сончеви периоди: од вторник дожд е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top